ЕКОГРАДБА - КАРАКТЕРИСТИКИ
Основата на нашето размислување при проектирање на секој објект, се состои во тоа да создадеме квалитетна еко градба според интернационални стандарди, која ке биде долготрајна и енергетски ефикасна.
Анализирајќи ја топлинската загуба на просечните “неизолирани“ објекти користиме најсовремени и најефикасни материјали за еко изолација, добро проектирана и соодветно поставена, со што постигнуваме максимална заштеда и енергетска ефикасност. Со новиот систем на изолација се постигнува заштеда на топлинската енергија за 60%.
- Изборот на термо фасада на надворешни ѕидови се покажа како најдобар, најбрз и најекономичен начин на термоизолирање на објектите и овој начин ги нуди следниве особини:
- надворешниот ѕид е сув и топол, со што се зголемуваат термичките перформанси, а се елиминираат термо мостовите со што го снемува ризикот од влага и мувла
- заштедата за греење е до 40%
- брза изведба
- 100% сигурност и трајност
- Ги смалува трошоците за градба
- Поради малата тежина незначително го оптеретува објектот - Во објектите кај кои е невозможно да се изолира однадвор (заради висина, комшии и сл.) се практикува термоизолирање одвнатре, т.н внатрешна термофасада
- Екоградбите користат и обновливи извори на енергија, за Македонија како земја со чести сончеви денови, поставување на соларни панели е вистинско решение.
- Соларните колектори се користат за загревање на вода или како помош при греење со што се намалуваат трошоците за топлинска енергија и до 80%.
- Сите предлози кои ќе ви ги понудиме за изведба на Вашиот објект се во склад со интернационалните стандарди за квалитет, и сите начела за квалитетен и долготраен Еко објект.
- Размислете за Вашата и иднината на Вашите деца, градете и бидете ЕКОЛОШКИ.





Надградба над постоечки објект од армиран бетон во населба Железара која е изведена од дрвена конструкција. Содржи дневен простор, спална соба, бања и покриена тераса. Објектот ја искористува својата локација и со својата скулптурална форма создава урбана поента во населбата. Аголот на објектот е отворен кон улицата и донесува визури кон улицата и многу светлина во просторот и покрај тоа што е ориентиран на северната страна. Конструктивно објектот се носи од постоечкиот објект и редица на столбови кои го носат испуштањето кон улицата.